Програма на петтиот Скопски поетски фестивал admin, April 10, 2025April 10, 2025 5. СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ 2025 Г. Официјална програма 24.04 | Младински културен центар ‒ Скопје ⤿ 18:30 | Кино „Фросина“ >> НАД НЕБОТО, ПОД ЗЕМЈАТА: перформанс/ритуал/поезија/музика Настап на поетот Алеш Штегер и музичарот Јуре Тори (хармоника) од Словенија со кој ќе ја промовираат стихозбирката „Над небото, под земјата“ од Алеш Штеґер, препеана од словенечки на македонски од Драгана Евтимова, издание на „Перун Артис“, Битола. ⤿ 19:30 | Галерија на МКЦ >> МИРИСОТ НА ЗБОРОВИТЕ: Отворање на изложба на парфеми дизајнирани од Нихат Оздал (Турција) Ако зборовите имаа свој мирис, како ќе мирисаше мракот, осаменоста, далечината… Ако ни беа дадени мириси наместо пенкало и хартија, како ли ќе пишувавме поезија со нив? Оваа изложба го истражува токму тоа прашање. ⤿ 20:00 | Кино „Фросина“ >> ОД РИТАМ ДО АЛГОРИТАМ: официјално отворање на 5. СПФ Учесници: Аксинија Михајлова (Бугарија), Алеш Штегер (Словенија), Нихат Оздал (Турција), Весна Ацевска, Никола Маџиров, Шаип Емерлаху, Гордана Михаилова Бошнакоска и младиот поет/поетеса што ќе биде избран на „Отскочна даска #4“ ⤿ 21:30 | Кино „Фросина“ >> ПОЕТРОНИКА Поетроника е суптилен и културолошки значаен проект настанат како резултат на интензивната соработка на двајца исклучително квалитетни мултимедијални уметници, Оливер Митковски и Андреја Салпе, што вешто спојува иновативен начин на интерпретација на македонска поезија со извонредна, автентична и авангардна музика. 25.04 | Повеќе локации: ⤿ 11:00 | Филолошки факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје (Сала за седници) >> МАСТЕРКЛАС СО ЗВОНКО КАРАНОВИЌ (Србија) Работилница за креативно пишување поезија. Настанот е отворен за сите средношколци, студенти или повозрасни, што сакаат да присуствуваат. Задолжителнa пријава на: contact@spf.mk ⤿ 18:30 | ПОЕТОТ Е ПРИСУТЕН: настан од затворен тип на кој ќе читаат дел од поетите гости на фестивалот пред малубројна публика што ќе се избере по повик. ⤿ 20:00 | Кино „Фросина“ >> ОД РИТАМ ДО АЛГОРИТАМ #2 Учесници: Антонис Скиатас (Грција), Звонко Карановиќ (Србија), Сузана Мицева, Исток Улчар, Ненад Јолдески, Сашо Огненовски, Марина Мијаковска и Филипа Сара Попова. 26.04 | кафе-книжарница „Буква“ ⤿ 19:00 >> Промоција на стихозбирката „Раст е ние“ од Исток Ј. Улчар, издание на „Илика“, Скопје. ⤿ 20:00 >> THE VERSE CITY/DIVERSITY („Диверсити“): поетско читање Учесници: Аксинија Михајлова (Бугарија), Нихат Оздал (Турција), Антонис Скиатас (Грција), Звонко Карановиќ (Србија), Љубица Шопова, Стефан Спасовски, Милена Сиљаноска, Гала Матевска, Калиа Димитрова, Јулијана Величковска и Андреј Ал-Асади. ———————————————————————— СПФ #5